ФИЛОЗОФИЈА
Нашите висококвалитетни услуги му гарантираат на Вашето претпријатие кратки прекини во работата и системски решенија на лице место. Со примена на најсовремена ИТ-технологија, планирањето на интервенциите оптимално се усогласува со потребите на операторите на постројките. Така нашите мобилни мерни возила се во вистинско време на вистинско место.
Со задоволство Ве поддржуваме и во активната обука на персоналот, за законските прописи за мерните уреди што треба да се испитаат да се почитуваат навремено. Така и Вашето претпријатие во секое време може да го извлече оптималниот учинок од мерните системи.
